Судењето за „Рекет” продолжува со завршни зборови

by Fokus

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбраната на обвинетите да ги даде своите завршни зборови.

На последните рочишта за овој судски предмет својата одбрана ја даде обвинетата Катица Јанева, (поранешна прва обвинителка на СЈО) која ги отфрли обвиненијата против неа и истакна дека законски ја вршела својата работа додека била на чело на Специјалното обвинителство.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор.

Поврзани новости