Судењето на Ѓоковиќ ќе трае околу 10 часа!

by fokus

Точно на полноќ ќе започне рочиштето по кое ќе биде одлучено дали Новак Ѓоковиќ ќе ја задржи визата или ќе биде депортиран во Србија.

Австралиските медиуми го објавија текот на судњето:

Судењето почнува со изнесување на одбраната на адвокатскиот тим на Ѓоковиќ за што тие ќе имаат два часа. Потоа следува пауза од три часа, по што претставниците на Австралија ќе имаат два часа да објаснат зошто тенисерот не смее да влезе во државата.

Нивното излагање ќе треба да заврши најдоцна до седум часот наутро по средноевропско време, по што ќе следува нова пауза, која максимално може да трае до три часа, по што ќе биде соопштена одлуката.

Поврзани новости