Битолчани на улица, има и штети од земјотресот

by fokus

Стотици Битолчани излегоа на улиците и се чувствува вознемиреност во градот по серијата земјотреси кои се случија во близина на Лерин од другата страна на македонско-грчката граница, известува Емилија Мисирлиевски, новинарка на ТВ Телма од Битола.

Епицентарот на земјотресите е на 30-тина километри од Битола на грчка територија. Во Битола е забележлива и поголема раздвиженост со автомобили.

Во дел од зградите има и оштетувања од земјотресот и пукнатини по ѕидовите.

Поврзани новости