Судечкиот совет не прифати стопирање на „Траекторија“

by Fokus

На почетокот на денешното рочиште за „Траекторија“, адвокатите побараа судењето да биде стопирано додека не биде разрешена специјалната обвинителка Катица Јанева. Барањето на одбраната во овој случај беше процесот да се прекине, во спротивно, секој понатамошен чекор во случаите на СЈО, според нив, би бил незаконски. По консултациите зад затворени врати, судот го отфрли ова, но и барањето за изземање на специјалната обвинителка Лиле Стефанова. Рочиштето продолжи со сведочење.

Кривичен суд:

-Според барањата на правните застапници, судечкиот совет не е надлежен да одлучува за укинување на овластувањата или за исклучување на специјалните обвинители. Сè додека Советот на јавни обвинители и Собранието можат да го сторат истото, постапката во случајот Траекторија ќе продолжи.“

Но, адвокатот Еленко Миланов тврди дека согласно член 370 точка 1 од Кривичниот законик, Специјалната обвинителка во овој случај, Лиле Стефанова, нема полномошно да го застапува СЈО, додека Советот на јавни обвинители води постапка за разрешување на Јанева.

Случајот Траекторија е во фаза на материјални докази. Следното рочиште ќе се одржи на 16 септември. Обвинети се поранешниот премиерот Никола Груевски, на ккому му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на Јавното претпријатие Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Според обвинението за СЈО, обвинетите преземале голем број активности во текот на 2012 и во текот на 2013 година кои ги надминувале нивните овластувања при изборот на кинеската компанија Синохидро за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Со тоа евентуално го оштетиле државниот буџет за 155 милиони евра.

Поврзани новости