Субрата го продава хотелот во Лондон?

by Фокус

Индиската компанија „Сахара“ сака да го продаде лондонскиот хотел „Гросвенор хаус“ на инвеститори од Блискиот исток, пишува лондонски „Тајмс“ во вчерашното интернет-издание.

Целта е да се соберат пари со кои ќе се ослободи првиот човек на групацијата, Субрата Рој од притворот. Весникот тврди дека „Сахара“ планира да го продаде и имотот во Њујорк, односно да се ослободи од хотелите „Плаза“ и „Дрим даунтаун“.

Портпаролот на „Глобал инвестмент хаус“, кувајтска инвестициона банка, за „Тајмс“ потврдил дека на банката и’ пристапиле во врска со продажба на трите хотели на „Сахара Индија Паривар“.

Поврзани новости