717
Индиската компанија „Сахара“ сака да го продаде лондонскиот хотел „Гросвенор хаус“ на инвеститори од Блискиот исток, пишува лондонски „Тајмс“ во вчерашното интернет-издание.
Целта е да се соберат пари со кои ќе се ослободи првиот човек на групацијата, Субрата Рој од притворот. Весникот тврди дека „Сахара“ планира да го продаде и имотот во Њујорк, односно да се ослободи од хотелите „Плаза“ и „Дрим даунтаун“.
Портпаролот на „Глобал инвестмент хаус“, кувајтска инвестициона банка, за „Тајмс“ потврдил дека на банката и’ пристапиле во врска со продажба на трите хотели на „Сахара Индија Паривар“.