Стујардеса со 65 години работен стаж, влезе во Гинисова книга на рекорди

by Fokus

Бет Неш од Бостон, САД, го собори рекордот како професионална стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди. Таа тоа го работи 65 години.

Имено, Американката почнала да работи како стјуардеса во 1957, кога имала 21 година, прво за компанијата „Истерн ерлајнс“, а потоа и за „Американ ерлајнс“, до денес без никаков прекин во работниот однос. Гинисовата книга го потврди светскиот рекорд на 1 јули.

Неш вели дека поголемиот дел од својата кариера го минала на патувања Њујорк-Бостон-Вашингтон, бидејќи тоа ѝ овозможува да се врати дома навреме, оти мора и да се грижи за својот син со попреченост.

Инаку, таа смета дека оваа работа значително се променила со текот на годините.

– Порано мораше да бидеш толку и толку висока, требаше да имаш одредена тежина… Порано беше ужасно. Добиваш неколку килограми и мораш почесто да се мериш, а ако останеш таква, ти ја намалуваат платата, раскажува таа за „Даблју-џеј-ел-еј“.

На 86 години, таа официјално е и највозрасната стјуардеса според „Гинис“.

Поврзани новости