Запалено знаме на Европска унија и повредени четворица полицајци, велат од МВР

by Fokus

Четворица повредени полицајци, скршен прозорец на Владата, уништена заштитна ограда. Ова е билансот од вчерашниот претест пред владата против францускиот предлог.

Според информациите во полицискиот билтен, на 4 јули .2022 година во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир.

Така, околу 16.50 часот, пред Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19.35 часот, дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање на разни предмети и пиротехнички средства кон објектот на Владата, а дел од нив ја оштетиле и уништиле заштитната ограда.

Поврзани новости