Податоци од Италија, Шпанија, Франција, Ирска и Белгија укажуваат дека околу половина од смртните случаи во некои европски земји се чини дека се во домови за нега на стари лица. Тоа го објави „Гардијан“, повикувајќи се на студија на академици во Велика Британија.
Целта на нивната работа е да објаснат зошто Велика Британија може да ја потцени пандемијата и нејзиниот ефект во домови за нега на стари лица (каде има само 20 жртви, според статистиката).
Откако вчера податoците само за хоспитализирани беа 10.000 во државата, владините претставници посочија дека можеби тие (домовите за нега на стари лица) се најтешко погодени.
Истражувањата на научниците од Лондонската школа за економија покажуваат дека меѓу 42 и 57 проценти од случаите се во домови за нега на стари лица во тие држави.
Во Италија, според меѓународен извештај, процентот може да достигне 45 отсто од сите смртни случаи, француските официјални бројки покажуваат иста вредност. Во Белгија тоа е официјално 42 отсто од смртните случаи, во Шпанија може да достигне до 57 отсто според податоците од Автономните области.
Здружението на компании што раководат со домови за нега на стари лица во Велика Британија тврди дека имаат најмалку 1.000 жртви таму (над 10.000 смртни случаи вкупно), а според главниот медицински специјалист на Владата на Велика Британија, нешто повеќе од девет отсто од домовите имаат пријавени случаи. Сепак, истражувачите забележуваат дека со оглед на значително поголемиот дел од заразените лица во ЕУ, потребни се подобри податоци во Велика Британија за да се разбере природата на проблемот.