502
Студентскиот пленум денеска во 18 часот ќе договара нова стратегија против најавениот државен испит пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, бидејќи како што велат, иако беа доволно гласни, не беа слушнати од премиерот Никола Груевски и министерот за образование Абдулаќим Адеми. Се очекува Пленумот да дискутира и за нов студентски марш, на кој повторно ќе го изразат своето незадоволство од одлуката, студентите да полагаат државен испит.
Пленумот се противи на државниот испит или екстерното тестирање, од причина што според нив, тоа е спротивно на Уставот, навлегува во автономијата на универзитетот и ја минира оценката добиена преку Болоњскиот процес на студирање.
Веќе неколку денови Студентскиот пленум и премиерот Груевски се препукуваат на оваа тема.