Студентски пленум објавува повик за доставување на предлог модели за студентско организирање кои ќе бидат консултирани при креирањето на предлогот за измена на Статутот на УКИМ.
Иницијативата потекнува од учеството и иницирањето на создавање на работна група во склоп на УКИМ која ќе има за цел менување на Статутот на универзтитетот во делот на студентското организирање т.е. Студентските парламенти.
-Ги повикуваме сите кои имаат идеи како да го подобриме студентското претставување да ни ги пишат предлозите на plenum.studentski@gmail.com! Доколку некој од нашите колеги сака да се вклучи поактивно во пишувањето на концептот, пишете ни или на маил или во инбокс. Финалниот предлог ќе биде јавно објавен, а за истиот ќе се дискутира на средбата на Kомисијата за измена на Статут која ќе се оддржи на 30ти август. Финалните измени треба да бидат готови до 15ти септември, и понатаму ќе се дадат на гласање на Сенатот на УКИМ, се наведува во повикот на Студентскиот Пленум.