Во Берлин денеска ќе се одржи студентски протест против дискриминација на Бугарите во Република Северна Македонија.
Идејата за демонстрациите е на иницијативната комисија за заштита на човековите права.Слични протести се планирани и во декември пред амбасадите на РСМ во другите европски градови.
За таа цел, иницијаторите на протестот во Берлин се изјаснија дека се подготвени да организираат бесплатни екскурзии за Бугарите од Северна Македонија кои сакаат да се приклучат, изјави за БНР Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија.
-На 4 декември од Охрид ќе тргне автобус за Париз, а на 14 декември повторно од Охрид ќе има автобус за Брисел, објасни Стојанов.
Активирана е и петиција со која се повикува ЕУ да обрне внимание на правата на Бугарите во Северна Македонија.