825
Индексот е наша книшка – порачаа студентите на протестот пред владината зграда на Илинденска против тоа што владата ги игнорира нивните барања во однос на реформата за воведување на државен испит.
Дарко Малиновски од Студентскиот пленум истакна дека нивното оружје не е насилството, туку зборовите.
– Ние не сме тука за да правиме насилни цени, туку да кажеме „не“ и дека нема да дозволиме да се воведе државен испит – рече Малиновски.