Студентски протест: Безбедносни фотки во служба на провладини медиуми?

by lali

Многу прашања отвораат некои од фотографиите од студентските протести кои провладините медиуми оркестрирано ги пласираа во јавноста. Станува збор за омилените слики на власта на кои со црвени линии се заокружени професори и јавни личности, за кои власта смета дека на некаков начин биле поврзани со опозицијата.

guner

Зошто ги споменуваме фотографиите? Затоа што со нив, на пример, може да се позанимава дигиталната форензика на МВР. И тоа експресно за еден ден, ако се знае дека за три ги изанализира фотографиите, па и видеото од „тајната фабрика за пасоши„.

Клучен ќе биде одговорот кој ги направил тие фотографии, кој ги обработил, зошто немаат метаподатоци, кој ги дистрибуирал до медиумите? Дали се злупотребени државни ресурси?

Што не натера да направиме анализа и да поставиме некои дилеми и прашања?  Прво, уште на почетокот од разгледувањето на галериите на неколку портали и телевизии лесно се заклучува дека десетина фотки отскокнуваат по квалитетот од другите фотографии од протестите. Иако провладините медиуми објавуваат и свои видеа и фотографии, сепак овие слики за кои зборуваме се далеку поматни, односно како да се направени со стоп- кадар од некое видео.

Второ, како е можно истите фотографии да ги имаат сите медиуми, ако не им ги поделиле од ист центар? Тоа се препознава според црвените обрачи и начинот на кој се потпишани „натрапниците“ од СДСМ, кои го „узурпирале“ студентскиот протест. Разликата е само во бројката на објавени фотографии, некои објавуваат по три, некои пак, по седум. Но секако дека е јасно оти се истите фотки.

Трето, на фотките ги нема метаподатоците, или барем ние не можеме да ги пронајдеме. Е ова е шанса за форензиката на МВР да провери кој и со каква камера или фото-апарат снимил, каде се обработувале и како стигнале до медиумите? Анонимно или со нечиј потпис?

Четврто, исто така симптоматично, е зошто медиумите на власта морале да ги објават овие „заеднички “ фотки кога секој медиум одделно има свои видеа и фотографии на кои јасно се гледаат истите ликови, кои заокружено се појавуваат на овие „чудни“ фотки? Секако, медиумите можеле секој одделно да си заокружува и да избере поинаква форма на црвената линија или поинаков фонт на букви. Вака впечатокот е дека од еден центар стигале фотографиите до медиумите. Згора на тоа, и да ги има направено некој од медиумите, професионално е да се потпише чии се, што во случајов не е направено, па поизлегува дека фотките се на сите провладини медиуми, а се тотално идентични. Неможно?

renata

На крајот, на некои од спорните фотографии се гледа дека се правени додека колоната поминувала низ булеварите и улиците во центарот на градот, па оттаму и дилемата дали евентуално снимките, од кои потоа се правени фотките, се од безбедносните камери на МВР поставени на крстосниците?

Официјално тие камери се во функција- велат од МВР. Секако, никој нема да признае дали се користени како сервис на провладините медиуми, односно ќе демантира. Ние не тврдиме, но каде упатуваат сите овие дилеми?

Инаку, камерите се под контрола на Петтата управа на УБК- мониторинг центар. Тие секако дека имаат снимки од студентските протести, може не толку од птичја перспектива како снимките од дронот, но сепак со оглед на нивната поставеност кадрите имаат перспектива од високо. Дали некој ги стопирал и правел фотки за да имаат медиумите е прашање за МВР и за нивната форензика. Ако воопшто ја активираат!

И уште многу прашања и дилеми отвораат бледите фотки на провладините медиуми, кои сепак си ја завршиле работата при дезинформирање на јавноста.

 

 

Поврзани новости