Ѓорѓе Иванов одлучи да не биде државник, да не биде професор, да не биде претседател на сите, па побрза да ги потпише указите за законот во високото образование, иако повеќепати досега беше предупреден за противуставната содржина на новите законски измени, реагираа денеска од Студентскиот пленум.
– Очекувано, светлината на крајот на тунелот излезе дека е воз кој со голема брзина ита кон прегазување на високото образование. Но, борбата на Студентскиот Пленум продолжува! Студентскиот Пленум нема да дозволи да се гази по достоинството на студентите, бесрамно да се прегази автономијата на универзитетите и на најдрзок начин да се прекрши Уставот, највисокиот правен акт на Република Македонија! Затоа, подгответе се. Почитуван господине Премиер, почитувана Владо на Република Македонија, почитувани “народни претставници” од Собранието, почитуван Претседателе, индексите во рака и на часови. Студентски пленум ќе предава лекции по државништво! Борбата започнува! – напишаа студентите на својата фејсбук страна