Студентски пленум: Премиере, повлечете го законот, па ќе дојдеме да дебатираме

by Фокус 22:09
22:09

Вечерва, преку својата ФБ страница студентите му напишаа на премерот дека би се појавиле на дебата за законските измени во образованието само под услов прво да се повлечат предлозите и да прекине расправата во Собрание.

Студентскипт пленум напиша:

„Најпрвин, со зачудување гледаме на излагањето на Премиерот на понеделничката „дебата“ во Собранието на РМ. Според него, веќе три месеца се водела дебата околу измените во Законот за високо образование. Затоа, се чини со право, се запрашуваме: дали е тоа истиот човек кој пред три недели во интервју за телевизија Канал 5 изјави дека не знае зошто Студентскиот пленум протестира, па и претпостави дека сето тоа е поради „некаква младешка бунтовност”? Дали тој мислеше на истиот период во кој, иако Студентскиот пленум постојано го бараше тоа, неколкупати беа одбивани предлозите за дебата со изговор дека е сѐ уште рано? Сега кога законот е веќе пред второ читање во Собранието на РМ, секоја друга дебата надвор од процедурите нема да постигне ништо и е во спротивност со нашата аргументација и нашата цел. Токму затоа, Студентскиот пленум нема да ги изложува ставовите во дебати кои не можат да влијаат на законот. Нашата идеја е да дебатираме околу потребата да се воведе вакво тестирање, а не за техничките недостатоци на тестирањето. Студентскиот пленум смета дека државен испит не треба да постои во високото образование.

- Advertising -

 

По примерот на донесувањето на Законот за медиуми, извршната власт во понеделникот ја повтори процедурата, па така од Универзитетот „Кирил и Методиј“ направи соучесник во донесувањето на законот. Само за потсетување, УКИМ експлицитно побара повлекување на предложените измени во Законот за високо образование. Заради таквата пракса при донесувањето на закони, Студентскиот пленум не дозволи да биде злоупотребен низ дебати кои легално не можат и нема да сменат ништо, освен што ќе добијат легитимитет поради учеството на најголемото студентско движење во моментов.

Основното барање беше и останува исто – повлечете го законот. Потоа, на легален терен, и во време кога апсолутната моќ и контрола врз законот ќе биде во рацете на легитимни тела, ќе може да дебатираме сите ние заедно со професорите за најдобрите системски решенија за унапредување на квалитетот на високото образование.

За крај, дозволете ни да се осврнеме на изјавата на Премиерот, според кого доколку изложиме суштинска аргументација, таа ќе биде прифатена, а измените на Законот за високо образование ќе бидат повлечени. За таа цел, во писмо со кое директно ќе се обратиме до Премиерот, ќе ја повториме нашата суштинска аргументација, а него ќе го замолиме да си остане достоен на кажаното и да ги повлече измените.“s13

 

Поврзани новости