498
Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ги поддржа измените на Законот за високо образование, откако Министерството за образование и наука го прифати нивниот предлог.
Според него, студентите ќе може да полагаат една половина од предметите во третата студиска година, независно дали го положиле или не првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година.
Притоа, Министерството прифати уште 6 предлози на универзитетите, кои се однесуваат на унапредување на административните капацитети на Одборот за акредитација, изготвување на јавен регистер на објавени автори на трудови објавени во реномирани меѓународни списанија итн.