532
Студентски Пленум изразува силно незадоволство од непрофесионалниот одговор на министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во поглед на упадот на специјалните полициски сили во просториите на СПУКМ и бруталното исфрлање на студентите кои мирно протестираа.
„Министерот се уште не даде одговор за правниот основ на ангажирањето на специјалната полициска единица за брзо распоредување. Која беше заканата? Кој ја изврши безбедносната проценка и кој ја даде наредбата? Судир помеѓу студентите немаше, имаше обид за спречување на кривично дело кражба на избирачки кутии и избирачки материјал кое беше пријавено во МВР, но полицијата не реагираше на нашите пријави, ниту пак постојат записници од нашите пријави“, соопштија ос СП.