542
Студентскиот пленум најавува дека не ги заборави проблемите на студентите, откако попладнево успеа по неколкумесечни протести да се договори со владините претставници да се пишува нов закон за високо образование.
-Ја добивме битката, но не и војната. Дури сега ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието како лошите студентски домови, привилегираноста на одредени личности, непотребните давачки како ИКСА, корумпираните студентски парламенти.., пишува во соопштението на Студентскиот пленум.
Во соопштението понатаму се вели дека Владата потклекнала на нивните барања и дека конечно добиле простор за пишување на нов интегрален закон за високо образование.