462
Студенсткиот пленум објави низа фотграфии на официјалната своја Фејсбук страница од ужасните услови во кои живеат студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Ситуацијата стана уште полоша по неколкудневните врнежи, кои ги поплавија собите и ходниците во домот, а студентите сами мораат да се снаоѓаат со протечениот таван.
-Дојде дождливо време, кое ја удави пасивноста на студентите и ги натера да си го бараат назад нивното достоинство. Студентите повеќе не се плашат, пишува на страницата на Студентскиот пленум.