358
Студентскиот пленум денеска од 12 до 16 часот ќе излезат на платото на УКИМ за да ги блокираат студентските избори, кои според нив се незаконски и нелегитимни.
– Потсетуваме дека блокадата не е кривично дело како што претходно пренесоа некои медиуми. Ние сите сме членови на Студентски парламент и како такви, обесправени сме прво во делот да кандидираме наш кандидат, потоа да имаме пристап до правните акти што ги регулираат изборите, пристап до Собранието и до состаноците на Студентскиот парламент – велат од пленумот.
Студентите порачаа дека имаат право да спречат избори кои се нелегални и нелегитимни.