„Треба да го развиеме тој автентичен глас, тој автентичен младински глас, таа автентична младинска мисла и да се избориме за едно инклузивно општество“ рече студентската правобранителка Викторија Постоловска во интервју за „Трн“.
Таа додаде дека на младите треба да им се даде простор, да им се даде доверба и да се смени начинот на кој тие се адресирани, а потоа и да с смени начинот на кој се дискутираат работите со нив.
„Се плашам од стагнација и се плашам да не дадам отпор таму каде што се чувствувам на некој начин неудобно, незаштитено и неслушнато и затоа веројатно се кандидирав за студенстска правобранителка“ рече Постоловска.
Според неа, во оној момент кога студентите ќе сфатат од кое значење е општествената улога која тие ја играат како академски граѓани, мислам дека тогаш ќе има придвижување.