475
Студентот Борјан Ефтимов кому му беше одредена мерка куќен притвор од 30 дена поради учество во толпа која ќе стори кривично дело на протестите против аболицијата на Ѓорѓе Иванов, денеска беше осуден на три месеци условна затворска казна ако во временски период од една година го повтори делото.
Борјан речиси еден месец е во куќен притвор, а се жалеше дека судијата не сакал да го сослуша уште пред да му биде одреден притвор, бидејќи на тој начин тој веднаш ќе го признел делото и немаше да има простор да одредување на притворот.