Студентите во Белград продолжуваат со протести

by fokus

Студентите во Белград денеска ги продолжија протестите пред платото на Филозофскиот факултет со барање да се повлече одлуката за затворање на студентските домови.

На студентите им се обрати ректорката на Универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ.

Од Филозофскиот факултет, студентите планираат да се упатат кон зградата на Владата на Србија.

Еден од студентските претставници Марко Радовиќ истакна дека по најавата на министерот за образование Младен Шарчевиќ дека студентите ќе останат во домовите, тие бараат да им биде прецизирано дали тоа значи дека ќе можат да останат само за време на јулскиот испитен рок, бидејќи тоа за нив е неприфатливо.

Едно од барањата на студентите е да се овозможи дополнителен испитен рок за оние кои поради коронавирусот не можеле навреме да полагаат испити, но и уште еден рок за сите студенти поради целокупната ситуација.

Студентите, исто така, бараат да им се овозможи бесплатно тестирање на Ковид-19 и лекување на заразените.

Тие бараат и претставниците на студентите во организациите, како што Студентскиот парламент, да поднесат оставка, бидејќи не ги застапуваат на вистински начин.

Доколку овие барања не бидат прифатени во скоро време, Радовиќ изјави дека студентите ќе бидат принудени да постават уште едно барање, а тоа е бесплатна школарина за следната година.

Поврзани новости