Студентскиот пленум на својата фејсбук страна објави порака од револтирани студенти, кои тврдат дека лифтовите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ не работат и тие се приморани да пешачат до 14-ти спрат.
– Лифтовите во студентскиот дом Гоце Делчев не работат токму кога студентите треба да се иселуваат! Се молат одговорните да преземат иницијатива – таблетите нема да им ги пренесат куферите на нашите колеги. Со што ние заслуживме за да немаме топла вода, храна во мензите и продавниците, функционални лифтови и уште ред други неопходни услови за живот во нашите живеалишта – пишуваат студентите.
Според објавените информации, студентите подолго време се жалат дека немаат топла вода во зградата Г, немаат ништо за јадење во мензата, а во продавницата за која добиваат бонови, нема ништо да се купи.