Иако МОН им ветија на студентите дека најдоцна до 31.01.2023 година на студентите ќе им ги исплатат средствата за студентски оброк со задоцнување од 30 – тина дена, сепак денеска илјадници студенти повторно останаа без средствата кои им следуваат за да го остварат правото на студентски субвенциониран оброк, а веќе утре треба да почне исплатата на студентскиот оброк за месец Јануари, тврдат од политичката партија „Левица“.
-Покрај неисплатата на студентски субвенциониран оброк, исто така МОН со месеци доцни и со исплатата на студентските стипендии. Во услови на тешка економска криза, едни од најранливите категории – студентите, се оставени на немилост од страна на неспособното Министерство за образование и наука, со кое раководи ДУИ.
И покрај тоа што студентскиот стандард на студентите е катастрофален, земајќи ја во обзир и ситуацијата во студентските домови, каде што сé уште условите се мизерни, антикризните мерки не се укинати, а реновирањето воопшто не е започнато, сега студентите практично се соочени со да останат без стандард воопшто, се вели во соопштението од партијата.
Тие бараа оставка и одговорност од министерот за образование, Јетон Шаќири од ДУИ.