Студентите од Струмица денеска планираат да се придружат на протестите пред влада, револтирани бидејќи државниот врв упорно ги игнорира нивните барања, да не се воведува државен испит на факултетите. Струмичките студенти се мобилизираат преку социјалните мрежи и ќе организираат групен превоз до Скопје каде ќе се одржи протестот.
– Дали сакате вашиот глас да биде слушнат? Дали сакате вашето мислење да биде разгледано? Дали сакате да бидете прашани барем за некоја одлука? Дали сакате да покажете дека постоите? Вашите ставови може да ги знаат не само вашите најблиски. Вашиот глас може да биде слушнат ако излезете и викнете, а не криејќи се и шепотејќи. Сите заинтерсирани кои сакаат да го изразат своето незадоволство од новата реформа во образованието, односно воведување на државниот испит, кои сакаат да бидат дел од утрешниот протест слободно нека не контактират – пишува на нивната фејсбук група.