Се спрема ли контрапротест пред Владата?

by Фокус 11:34
11:34

Владата денеска организира отворен ден за граѓаните, истовремено кога студентите организираат  протест во 14 часот пред зградата на извршната власт. Целта на овој владин проект е граѓаните подобро да се запознаат со работата на владата и да поразговараат со премиерот и министрите.

Владата за граѓаните ќе биде отворена од десет часот наутро до пет часот попладне, што значи дека истовремено пред зградата на извршната власт ќе се најдат и граѓаните кои сакаат да поразговараат со државниот врв, но и студентите, средношколците, професорите и сите оние кои сакаат да им дадат поддршка на идните академски граѓани, кои со месеци водат битка против воведувањето на државен испит на факултетите.

„Фокус“ се потруди да контактира со портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев, за да го прашаме зошто истиот ден е закажан отворен ден со граѓаните, кога студентите одлучија да протестираат пред владината зграда, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.

Поврзани новости