409
Директорот на студентскиот дом „Пелагонија“, Агим Фејзулаху информира дека периодот додека кујната била затворена со цел студентите да не бидат оштетени, ќе биде одредена помала партиципација.
-За овие денови што беа загубени ние како студентски дом ќе дадеме насоки на студентите да платат помала партиципација, ним да им излеземе по пресрет, бидејќи не по нивна вина беа оштетени на некој начин, објаснува директорот.
Од ЈЗУ Институт за јавно здравје Скопје и од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје на нивната веб страна исто така соопштија дека храната во домот е безбедна.