Студентите денеска по вторпат ќе предаваат за ГТЦ

by Фокус

Студентите од Архитектонскиот факултет во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, ќе организираат и втора прошетка низ Градскиот Трговски Центар, која ќе има цел да ги запознае граѓаните со културните и архитектонските вредности на овој градски објект.

Прошетката ќе се одвива денеска во 18:00 часот, а збирно место повторно ќе биде пред платото на ГТЦ од страната на паркот Жена – Борец.

На прошетката може да дојде секој заинтересиран граѓанин и низ интерактивна настава да дознае нешто повеќе за културното наследство на нашиот град, кое ГТЦ го чува веќе четири децении.

На првата прошетка организирана минатиот четврток, студентите од Архитектонскиот факултет најнапред ги запознаа граѓаните со општествените и архитектонските вредности на ГТЦ, како и со неговата историја.

Поврзани новости