Студенти во Штип на протест: Двојазичноста и промената на името се крвни противници за Македонците

by fokus

Студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска организираа протест во Штип против двојазичноста и промена на името.

Двојазичноста и промената на името е крвен противник за Македонците, а промената на името е недемократски чин, порачаа присутните.

-Зарем на Европа не им е доволен нашиот придонес кон светот? Ние со жив штит ќе ги браниме припадниците на АРМ. Нема да дозволиме на нивните униформи да стои балистичкиот симбол. Ние младите сме со вас, ќе стоиме на браникот на одбраната, рече еден од говорниците на протестот.

На протестот се собираа и донации за притворените од настаните на 27 април во Собранието.

 

Поврзани новости