886
Два дена по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги аболицира сите политичари за прислушуваните разговори студентите од повеќе младински организации во моментов го окупираат Правниот факултет при УКИМ. Тие бараат мобилизација на сите студенти и оставка од шефот на државата.
Студентите со разглас влегуваат од во амфитеатрите на среде предавања и скандираат „Дојди и приклучи се“. Во вчерашните протести проти водлуката за аболиција, приведени се 12 демонстранти, меѓу кои и членови на Студентскиот Пленум. Во продолжение, погледнете го видеото во живо кое го пренесуваат студентите.