На Економскиот факултет на Универзитетот во Крагуевац на електронската адреса пристигнала порака со заканувачки содржини.
Според информациите од српските медиумите, мејлот го испратил 29-годишен студент на Економскиот факултет. Во пораката стоело дека тој денеска околу пладне ќе дојде на факултетот и ќе ги убие сите присутни.
Оваа порака ги вознемири сите присутни на факултетот, бидејќи веднаш по неговото пристигнување била известена полицијата и другите надлежни органи кои го обезбедувале теренот и адекватно ги отстраниле присутните, пренесуваат српските медиуми.
Рреакцијата на управата на оваа високообразовна институција беше брза, а во решавањето на проблемот покрај полициските сили се вклучи и Безбедносно информативната агенција (БИА) на Србија.