Студено утро, со температури до -13

by fokus

Времето наутро ќе биде многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, прогнозира УХМР. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до минус 13 степени, а дневната ќе се движи до 8 степени.

Во Скопје наутро исто така ќе биде многу студено, со температура до минус 9 степени. Преку денот сончево со мала облачност и со слаб северен ветер и со температура до 5 степени.

И утре ќе имаме студено утро, преку денот сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 0 до 10 степени.

Поврзани новости