Русија ноќеска ги гранатирала Харков и Запорожје

by fokus

Руски војници го гранатираа Харков во текот на ноќта, поради што има прекин на снабдувањето со струја во некои делови на вториот по големина град во Украина, соопштија локалните власти. Засега нема извештаи за жртви или повредени.

„Окупаторите ја погодија критичната инфраструктура. Имаше околу 10 експлозии“, објави регионалниот гувернер на Харков, Олег Синегубов на Телеграм.

„Во некои области има прекин на електричната енергија“, додаде тој.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, претходно изјави дека имало руско гранатирање околу 04:00 часот по локално време, што може да предизвика прекин на струја, греење и вода во некои делови на градот.

Најмалку 17 руски проектили го погодија градот Запорожје во југоисточна Украина за околу еден час утрово, изјави вршителот на должноста градоначалник на градот, Анатолиј Куртиев. Ракетните напади биле насочени кон енергетската инфраструктура, прецизира Куртиев на „Телеграм“ и додаде дека властите во моментов собираат информации за штети и можни жртви.

Поврзани новости