Студениот бран што ги зафати земјите во северна Европа во последните денови, денеска се спушти и кон централна и источна Европа, предизвикувајќи прекин на електричната енергија и проблеми со транспортот во Полска.
Полскиот метеоролошки институт, кој предвиде дека температурите во североисточна Полска ќе се спуштат до минус 23 степени Целзиусови, издаде предупредување за голем студ на поголемиот дел од полската територија.
Во североисточниот дел на Полска денеска без струја се 2.200 домаќинства, а прекината е и работата на училишните транспортни возила.
Во североисточна Латвија температурите се спуштија до минус 29,5 степени.
Унгарската национална метеоролошка служба прогнозира дека до крајот на неделата температурите ќе се спуштат до минус 12 степени и силни ветрови кои ќе достигнат брзина од 90 километри на час.
Во Молдавија денеска без струја се околу 22.000 домаќинства. Студениот бран предизвика откажувања и одложувања на летовите на аеродромот во Кишињев.