Стружанец уценувал девојка, или ќе биде со него или ќе објави компромитирачки фотографии

by fokus

Против 33-годишен стружанец е поднесена кривична пријава затоа што и се заканувал на девојка дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа доколку одбие да биде со него.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Н.(33) од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”. Во текот на 2018 година, пријавениот во повеќе наврати и се заканувал на девојка од село во струшко, дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објавел фотографии од неа со компромитирачка содржина“, велат од полицијата.

Поврзани новости