553
Стружанец во текот на вчерашниот ден бил приведен поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, пренесуваат од МВР.
„На 03.10.2019 околу 16.50 часот во СВР Битола бил приведен Ф.М.(45) од с.Долно Тапеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“’. Истиот ден на патот Битола – Ресен, на место викано „Катинска крстосница“, полициски службеници од СВР Битола, поради сторен сообраќаен прекршок, запреле товарно возило со струшки регситарски ознаки, управувано од Ф.М., кој се обидел да им даде поткуп на полициските службеници. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.