337
Стружанец вчера излетал од регионалниот пат кај село Враништа и се здобил со тешки телесни повреди соопшти Министерството за внатрешни работи.
-На 23.09.2023 во 01.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат во с.Враништа, струшко, патничко моторно возило фолксваген пасат со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, соопшти МВР.