845
Хирургот од струшката болница Владимир Кочоски почина по компликации предизвикани од корона вирусот.
Како што објави СДК, шеесетгодишниот хирург-специјалист две недели се лечел од ковид-19 на скопската Инфективна клиника, но ден пред неговото пуштање дома му се влошила состојбата.
Тој итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, но не успеал да се избори со компликациите што ги предизвикал вирусот.
Вчера, од компликации со ковид-19 почина и радиологот Поликсена Стојановска-Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен.