Струмица се подготвува за карневалот

by fokus

Над 2.000 маскирани луѓе од повеќе земји ќе учествуваат на карневалското дефиле на дваесет и петти февруари во Струмица, на традиционалниот карневал.

Странски групи од Русија, Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора и други земји, веќе го потврдиле своето учество на Струмичкиот карневал. Повикот за учество на интернационалните карневалски групи сеуште е во тек, и ќе трае се до 20 ти февруари.

Карневалските празнувања ќе започнат со детскиот маскенбал на дваесет и втори, овој месец, а ќе завршат на први март со традиционалните обичаи по повод празникот Тримери.

Победничката маска на минатогодишниот Струмички карневал „Феникс“ на карневалската група Мулен руж се најде на официјалниот плакат на овогодинешниот струмички карневал.

Вики Клинчарова

Поврзани новости