ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат да бидат водени од криминалци

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го нападна порпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, дека противзаконски се збогатил. Од партијата заклучуваат дека граѓаните не сакаат да бидат водени од криминалци.

-Шилегов, за разлика од Туфегџиќ и Богоевски кои повеќе време минаа одработувајќи за СДСМ на терен, имал повеќе време да заработи за себе, па така за две години според јавно достапните податоци, успеал да стане побогат за дури 200.000 евра, подновувајќи се со три станови за две години. Јавноста има право да знае дали Шилегов по добро разработен план сам на себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа Шилегов? Дали Петре Шилегов сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво? Затоа СДСМ ги загуби изборите. Граѓаните на Република Македонија не сакаат да бидат водени од криминалци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости