Додека Скопје, Куманово, Прилеп, додека Република Македонија се бори со корона пандемијата додека луѓе умираат желбата на власта за криминал е највисоко ниво – се „тера“ тендер во Дрисла од 200 илјади евра кој и се додели на струмичка фирма блиска до луѓето на Заев, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Додека граѓаните се принудени да седат дома заради кризата со корона, додека расте бројот на заразени, додека докторите и медицинскиот персонал се без заштитна опрема, блиските луѓе на Зоран Заев најдоа погоден момент да земаат огромни тендери од Град Скопје и Шилегов и тоа ни помалку ни повеќе, по пат на преговарање во 4 очи.
Додека граѓаните и стопанството се борат со здравствената и економска криза предизвикана од корона вирусот, само бизнис партнерите на Зоран Заев и блиските до СДСМ користат прилика да го осиромашат буџетот. Очигледно Владата на Зоран Заев за некои компании е мајка, а за некои маќеа.
Имено, се работи за тендер доделен во 4 очи од Град Скопје, односно од ЈП Дрисла на фирмата „Алпима Градба ТИМ“ ДООЕЛ Струмица, на 18 март оваа година, во вредност од 12.390.000 денари или 200 илјади евра. Тендерот е за наредните 3 месеци и е за изнајмување градежни машини на ЈП Дрисла.
Сопственик на оваа фирма која е и единствен понудувач по пат на преговарање во 4 очи и која го доби тендерот од над 12 милиони денари во вонредна состојба е веќе познатиот на јавноста Александар Пиперевалиев, а фирмата е регистрирана во Струмица“, додаде тој.