Струмичанец со копач искршил 45 слот апарати и рулет машини во „Сенатор“

by fokus

Во казиното „Сенатор“ во центарот на Струмица синоќа околу 18 часот лицето А.В. со копач искршило 45 слот апарати и рулет машини.

Од СВР Струмица го потврдија настанот.

– Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица во Струмица. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот – изјави портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Поврзани новости