Саркози: Животот ми е претворен во пекол

by fokus

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, изјави дека судските истражители кои покренаа истрага против него по основ на илегално финанасирање на предизборната кампања од 2007 година, му го претвориле животот во пекол. Според Саркози обвинувањата против него се лажни.

По два дена поминати на распит, истражителите му соопштиле на поранешниот француски претседател дека е осомничен за пасивна корупција и други престапи.

„Оваа клетва од 11 март 2011 година ми го направи пекол животот“, им рекол 53-годишниот Саркози на истражителите, пренесува „Figarou“.

Француските медиуми денеска јавија дека против Саркози е покренато обвинение за либиско финансирање на неговата изборна кампања. Саркози е обвинет за „пасивна корупција, илегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“, прецизирал изворот.

Поврзани новости