Струјата со пониска цена од само 0.33 отсто

by Фокус

Првиот човек на регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров соопшти дека донеле одлука да се намали цената по направените пресметки, но само за 0.33 отсто.

Граѓаните со новото намалување ќе плаќаат сметки за струја речиси исто како до сега и нема да го почуствуваат поевтувањето, но и нема да им се одрази врз семејниот буџет, со оглед дека постоеја најави дека е можно зголемување на цената.

Според простата математика, на секои 1000 денари од сметката струјата е пониска за три денари. За Петров нема политика во незначителното намалување на цената на струјата со оглед на најавените избори во април.

 

Поврзани новости