Стриптизерка ги продава гаќите на принцот Хари

by Fokus

Поранешна стриптизерка на која наводно самиот принц Хари ѝ ги оставил своите гаќи по пијана забава во Лас Вегас, сега сака од тоа да заработи милион евра!

Токму кога се чини дека слегна прашината околу принцот Хари и Меган Маркл и нивното враќање во Америка, мрачното минато на Хари повторно се појави. Многумина мислат дека деновите на неговиот блуд, журки, излегувања и жени се минато, но минатото секогаш доаѓа по своето. Една од жените со кои поминувал време во младоста, наводно, била поранешната стриптизерка Кери Рејчерт (43).

Оваа жена тврди дека во летото 2012 година, Хари и ги подарил црните гаќи кои ги носел за време на нивната блиска средба во Лас Вегас таа година. Војводата од Сасекс можеби ги заборавил своите доцни ноќни забави во Градот на гревот пред цела деценија, но Кери го најде совршениот момент да го потсети. Сега Кери, не само што го изнесува тој неславен момент од минатото на еден од членовите на потесното кралско семејство, туку и ги продава гаќите на принцот Хари, а за тоа пишува и британски „Сан“.

Низа светот тогаш веќе кружеа фотографии од блудниот принц како гол стои покрај масата за билијард, криејќи ја својата мажественост со рацете, додека зад него стоеше гола млада жена. Таа жена е токму Рејчерт, која заедно со црните гаќи на Хари, на аукција го продава и својот костим за капење и фустанот што го носела таа вечер со надеж дека ќе заработи близу милион евра.

– Се бакнавме, тој тогаш беше гол и прилично отворен. Тоа беше пијано мување. Не беше романтично, само забавно. Тој беше џентлмен, но беше исцрпен. Алкохолот влијаеше на него. Таму бев околу 15-20 минути – рекла Кери.

Кери повеќе не се занимава со стриптиз, а поради овој настан ја нарекуваат и Кери Ројал. Таа истакнува дека знае дека деновите на лудување на Хари се дамнешно минато, но дека се обидува да го потсети светот дека тој некогаш бил главниот „принц за забава“ и сега сака да заработи од тоа.

– Хари стана толку досаден. Тоа е голема штета – рекол нејзиниот претставник за медиумите.

– Принцот Хари лудо се забавуваше во Вегас, сите го сакаа и ја сакаа неговата смисла за забава. Барем овие гаќи се потсетување на тоа каков бил, кога бил забавен принц. Штета е што тој е загрижен и сериозен овие денови. Дури и како оженет татко на две деца, тој сепак треба да ја пушта косата одвреме-навреме, т.е. она што останало од неа – рекол ПР на Кери.

Самиот војвода од Сасекс подоцна се правдаше во радио емисија дека забавата во Вегас следела пред неговото воено заминување во Авганистан. Тоа значело дека планирал малку да се „издише“, а сега изгледа дека ѓаволот дошол по свое.

Поврзани новости