Денес треба да биде објавена одлуката на судот во Стразбур во врска со аболициите на екс претседателот Ѓорге Иванов.
По речиси 6 години, Судот за човекови права треба да одговори на апликациите кои ги поднесоа обвинетите лица во предметите на СЈО кои се најдоа на листата аболицирани, што Иванов ја објави на 12-ти април 2016 година, а еден месец подоцна ја повлече.
Европскиот суд за човекови права има две опции, да застане зад аболицијата, односно да потврди дека еднаш дадената аболиција не може да биде повлечена или да потврди дека тој немал законска можност да дава аболиции.
Одлуките на европскиот суд за човекови права се обрзувачки за македонските судови па ако судот утре „ги оживее“ аболициите тоа во пракса ќе значи згаснување на поголемиот дел од предметите на СЈО.
Обвинетите за масовното прислушување, уништувањето на опремата во УБК, изборни нерегуларности, насилството во општина центар, уривањето на Космос, ќе бидат ослободени од кривично гонење, а државата ќе треба да им плати и оштета.