517
Европскиот суд за човекови права ги одби апликациите на тројцата кандидати за судии од Македонија, јави А1ОН.
Анета Арнаудова, Едита Наскова и Јован Илиевски кои влегоа во најтесниот круг од номинираните од страна на МНР не влегоа во редовите на судот во Стразбур.
Според информациите на порталот, комисијата при МНР повторно ги предлага истите тројца судии, корегирајќи делови од нивната лична биографија, наместо да даде нови предлози.
Неофицијално фаворит од сите тројца е обвинителот од организиран криминал – Јован Илиевски, кој е во роднински врски со Сашо Мијалков.