Страшни слики и снимки се споделуваат на социјалните мрежи од пожарот што избувнал во ковид-центарот во Тетово. Се гледаат пламени и се слушаат лелеци, но засега нема официјални информации дали има повредени пациенти и колку воопшто пациенти имало во модуларната болница.
„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со координаторот на ковид- центарот од Тетово, Гзим Нуредини, но тој не одговори на повиците.
Од СВР Тетово за „Фокус“ изјавија дека повеќемина граѓани во околу 21 часот пријавиле во полиција дека избувнал пожар во модуларната болница. На лице место веднаш биле пратени полициски службеници и противпожарни возила кои се обидуваат да го локализираат пожарот. Сепак засега велат дека немаат официјални информации дали има повредени и колку пациенти имало.
Видеото може да го погледнете на овој линк.